КРЕИРАЈ ИГРА ЗА ПЛАНЕТАТА

Actions Panel

КРЕИРАЈ ИГРА ЗА ПЛАНЕТАТА

48-часовен натпревар за изработка на игра за мобилни телефони на тема климатските промени и животната средина со награда од 1300 €

When and where

Date and time

Location

Kasarna Hub Ohrid + Virtual event Radoica Novičič bb 6000 Ohrid Macedonia, Republic of

Map and directions

How to get there

About this event

📱 Светот на игрите е твоја пасија и сакаш да изработуваш игри за мобилни телефони, a не мислиш дека климатските промени се светска завера.

🌍 "КРЕИРАЈ ИГРА ЗА ПЛАНЕТАТА" е натпревар во кој победникот продолжува да го доработи прототипот на игра развиен на натпреварот до комплетен производ - дигитална игра за мобилни (паметни) телефони. Првиот дел од овој процес е составен дел од Фаза 1 на Game Jam Plus Macedonia 2022-2023 настанот кој ќе се одржи викендот од 14 до 16 октомври 2022 г. и е дел од Sustainability категоријата на глобалниот настан.

🌱Натпреварот е под покровителство на програмата “Граѓанските организации во акција за климатските промени, предводена од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест. Преку оваа програма, финансирана од Владата на Шведска за овој натпревар се обезбедува и наградата во нето износ од 1300€, а се покрива и котизацијата за натпреварувачите кои би работеле исклучиво на тема поврзана со климатските промени и животната средина.” Играта може да биде casual, hyper-casual или во жанр по ваш избор. Натпреварувачите можат да се пријават за учество на физичката локација во Касарна Хаб, Охрид или да работат виртуелно од било која локација на територија на Македонија 🇲🇰. Тимовите треба да бидат составени од најмногу 4 натпреварувачи.

🏆Тимот / учесниците чиј прототип на игра ќе биде избран за најдобар ќе продолжат да работат под менторство на Game Jam Plus Macedonia и во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје. Во наредните 2 месеца играта ќе треба да се доработи и да биде спремна за издавање на Google Play и App Store, а за истото ќе биде склучен договор за соработка со покровителот на натпреварот.

📜 ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО:

1. Билетите/котизацијата кои се финансирани од покровителот се наменети исклучиво за тимови/инцивидуалци кои ќе работат на темата поврзана со климатските промени и животната средина и кои можат да развијат мобилна игра до ниво спремно за издавање. За учесниците кои ќе работат во KASARNA HUB Охрид ќе бидaт обезбедени 6 оброци, ужини, безалкохолни пијалоци и кафе; интернет, рекреативни активности и други удобности за непречена работа. За сите учесници ќе се одржуваат лекции и ќе има ментори кои ќе им помагаат во работата.

2. За да учествувате треба да имате најмалку 17 години, односно да станете полнолетни најкасно во јуни 2023 г. Ова правило постои заради можноста за патување во Рио де Жанеиро, Бразил на финалето од натпреварот.

Лицата помлади од 17 години може да учествуваат само доколку се дел од тим со членови кои го исполнуваат правилото за учество од 17+ години или доколку се придружувани од полнолетно лице - родител, старател, член на фамилија, наставник или професор.

МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА: Доколку сте помлади од 18 години, ќе ви биде потребна писмена согласност од вашиот родител или старател која треба да биде испратена на email адресата на крајот на формуларот. Доколку сте дел од тим раководен од наставник или професор, вашето учество може да го одобри наставникот/професорот.

🔺 ПРЕПОРАКА: За овој натпревар ви препорачуваме да дојдете со претходно оформен тим од 2,3 или 4 члена, но може да работите и како самостоен учесник.

🚴 Победникот на натпреварот "КРЕИРАЈ ИГРА ЗА ПЛАНЕТАТА" продолжува кон европското полуфинале на Game Jam Plus. Останатите учесници, исто така, паралелно ќе се натпреваруваат и за влез во фазата на Инкубација и натпреварување во полуфиналето.

🍃 Пријави се на натпревар и изрази ја својата креативност. Допринеси за подобро справување со климатските промени и животната средина. Сите акции се важни, #ЗаедноЗаКлиматскаАкција!

*Настанот финансиски е поддржан преку проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени, финансиран од Владата на Шведска. “

---------------------------------------------------------

‼ Доколку сакате да учествувате на Game Jam Plus Macedonia надвор од натпреварот "КРЕИРАЈ ИГРА ЗА ПЛАНЕТАТА" или да се информирате за главниот настан/натпревар продолжете на следниот линк https://www.facebook.com/events/551449200141616/