Синхроницитети – која е твојата приказна? Игра на асоцијации и имагинација.
Како една слика може да поттикне приказна? Како симболите, личните асоцијации и имагинацијата нè водат кон неочекувани значења?
Синхроницитети – која е твојата приказна? Од слика до приказна: игра на асоцијации и имагинација.
Како една слика може да поттикне приказна? Како симболите, личните асоцијации и имагинацијата нè водат кон неочекувани значења? И што се случува кога ќе им дозволиме на сликите и зборовите да нè одведат во нови раскажувачки светови?
„Синхроницитети – Чувари на приказната“ е авторска игра на визуелниот уметник и графички дизајнер Марко Трпески, создадена за поттикнување креативно пишување и истражување на врската меѓу визуелното изразување, симболите и имагинацијата. Играта отвора простор за слободни асоцијации, лични толкувања и создавање приказни што произлегуваат од нашите индивидуални доживувања.
На настанот ќе го истражиме концептот на играта преку презентација, разговор со авторот и гостите, како и заедничко играње и креативно пишување. Публиката ќе има можност да ја испроба играта и да открие како од една слика може да се развие цел свет од идеи, ликови и приказни.
Гости на настанот
Марко Трпески — визуелен уметник и графички дизајнер, автор на играта „Синхроницитети – Чувари на приказната“.
Владимир Јанковски — писател и преведувач, кој ќе се приклучи во разговорот за раскажувањето, толкувањето и создавањето приказни.
Никола Дукоски — психотерапевт, кој ќе придонесе кон разговорот за личните асоцијации, значењата и начинот на кој ги доживуваме и толкуваме сликите.
Good to know
Highlights
- 1 hour 30 minutes
- all ages
- In person
Location
Skopje City Mall
4 Ljubljanska
1000 Skopje
How do you want to get there?
