Мајка, жена, партнер - како да ги усогласиш сите улоги без вина?
Искрено и практично предавање за секоја жена која се обидува да најде баланс помеѓу мајчинството, партнерството и сопствените потреби.
Искрено и практично предавање посветено на секоја жена која се обидува да најде баланс помеѓу мајчинството, партнерството и сопствените потреби.
На ова предавање ќе слушнеш за:
- како да не се изгубиш себе си во секојдневните обврски и приоритети
- организација на времето и предизвиците на современата жена
- менталниот товар на мајката и чувството на вина
- промените во партнерството по доаѓањето на бебето
- како да изградите здрава динамика и поддршка во врската
Предавањето го одржува „Мама круг - заедница за мајки“ создадена со цел поврзување, поддршка и едукација – место каде што жените можат да споделуваат, учат и растат заедно низ различните фази на мајчинството.
Александра Гаќидев - Едукатор за породување и подготовка на родители и мајчинство од платформата Mamma Prenatal, која преку својата работа им помага на жените да се подготват за мајчинството и да останат поврзани со себе во новата животна улога.
Бојана Петровска - Психолог, семеен и системски советник, организациски консултант за ментално здравје на вработени и тренер за меки вештини.
Основач е на Мој психолог и ко-основач на Мама круг. Организатор на настани, трибини и предавања од јавен и затворен карактер.
Данче Азманова Мирческа - Eдукатор за продктивност и родителство, организатор на работилници и настани за родители и деца и авторка на една од најпродаваните детски сликовници во земјава - Време е за Даро!
Good to know
Highlights
- 1 hour 30 minutes
- all ages
- In person
Location
Skopje City Mall
4 Ljubljanska
1000 Skopje
How do you want to get there?
